Успешно завршен проектот на ПОЗИТИВО Скопје за сензорна соба во ООУ „Петар Поп Арсов“, Општина Карпош
Здружението на граѓани ПОЗИТИВО – Скопје преку донации обезбеди 134.997 денари и дополнителни едукативни и дидактички материјали за развој на фината моторика во вредност од 15.680 денари
за опремување на нова сензорна соба во ООУ „Петар Поп Арсов“ – Скопје. Новиот простор е создаден со цел да обезбеди безбедна, пријатна и стимулативна средина за учениците на кои им е потребна дополнителна сензорна поддршка, придонесувајќи кон нивниот развој, учење и благосостојба. Собата е опремена со специјализирана сензорна и дидактичка опрема, прилагодена на различните индивидуални потреби на учениците.
На отворањето присуствуваше Катерина Златановска Попова, Претседател на ПОЗИТИВО Скопје и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој ја поздрави иницијативата и поддршката за создавање подобри и поинклузивни услови во образованието.
Со оваа донација, ПОЗИТИВО Скопје продолжува да враќа во заедницата и да директно да учествува во креирање образовни средини во кои секое дете има можност да учи, да се развива и да се чувствува безбедно, прифатено и поддржано.
Затоа што секое дете заслужува простор во кој може да расте и да го развива својот потенцијал.








Contact us
Follow us
1000 Skopje,
R.N. Macedonia
