Имавме два незаборавни дена во Гимназија “Р. Ј. Корчагин” од Скопје. Нашиот тим обучувачи, советничките за кариера Катерина Златановска Попова и Славица Тасева ни ги споделија своите впечатоци и воодушевување од енергијата, соработката, ентузијазмот, отвореноста и интересот кој го покажаа учесниците. 17 млади од 4 година поминаа низ важни процеси спознавајќи се себеси, своите клучни интереси, професиите на иднината, работеа на спознавање на своето ИКИГАИ, и ги продлабочија своите вештини за тимска работа, соработка, комуникација и решавање на проблеми низ креативна работа и игра.Посебна благодарност до дефектологот и GCDF сертифициран кариерен советник Katerina Dimeska и до директорката која ја препозна вредноста на овој проект и ни ги отвори вратите на гимназијата и секако Град Скопје кој го поддржа финансиски нашиот проект.

Contact us

Follow us

1000 Skopje,
R.N. Macedonia

Scroll to Top