„Живот со смисла и цел – ЖИВОТНИ ВЕШТИНИ ЗА МЛАДИ“ во соработка со Град Скопје
Во рамките на програмата за активности во областа на спортот и младите на Град Скопје за 2024 година, ПОЗИТИВО доби поддршка за реализација на проектот „Живот со смисла и цел – ЖИВОТНИ ВЕШТИНИ ЗА МЛАДИ.“ Овој проект има за цел да ги подобри менталното здравје, благосостојбата и личниот развој на младите на возраст од 16-23 години преку обезбедување холистички едукативни работилници.
Цели на проектот:
- Подобрување на менталното здравје и благосостојбата на младите.
- Стекнување на самосвест и самоспознавање, вклучувајќи разбирање на вредностите, силните страни и слабостите.
- Развивање на критичко размислување, комуникација, креативност и решавање проблеми.
- Идентификување и создавање на визија за личен и професионален живот, со поставување СМАРТ цели.
- Промоција на концептот „извонредност во сите аспекти на животот“ за исполнет живот со смисла и цел.
Во рамки на проектот ќе реализираме 1 онлајн работилница за кариерно советување на 27.11 (среда) и 2 работилници со физичко присуство:
Агенда на работилниците:
28.11.2024 (четврток), Работилница 1: „Исполнет живот“
- Таленти и силни страни
- Откривање на сопствената амбиција: Пронаоѓање на Икигаи
- Амбиција и извонредност: RIASEC прашалник
- Поставување на СМАРТ цели
29.11.2024 (петок), Работилница 2: „Влијателен живот“
- Ефикасна тимска работа
- Ефективна комуникација
- Суштината на лидерството
- Како да се стане подобар лидер
- Решавање на вистински предизвици

